Новости

КРАЛЕВИТЕ НА ЖИВАТА СВИРКА – ТОТО ВО БЕЛГРАД!

Нема коментари

Belgrade Calling продолжува со врвни рок имиња и наредната година

КРАЛЕВИТЕ НА ЖИВАТА СВИРКА – ТОТО ВО БЕЛГРАД!

https://scontent-a-fra.xx.fbcdn.net/hphotos-xpa1/t31.0-8/s720x720/10679790_897950923551141_6883794468599740802_o.jpgEден од најголемите американски бендови на сите времиња – TOTO , ќе одржи концерт на 30ти Јуни на Калемегдан во рамките на музичкиот серијал Belgrade Calling.

После низа врвни имиња како што се Iron Maiden, Green Day, Ozzy Osbourne, Billy Idol, Morrissey, Faith No More и Whitesnake, ова лето во Белград ве повикуваат и популарните рокери од Лос Анџелес!

Познати по своите врвни свирачки достигнувања, бендот кој светската музичка јавност го третира како еден од најдобрите live бендови во музичката индустрија и ги карактеризира како „Кралеви на живата свирка“ – ТОТО, тргнуваат на голема двегодишна светска турнеја со која одбележуваат 35 години музичка работа и со нов албум кој излегува на пролет 2015 година.
За родоначелниците на стадионскиот рок ова ќе биде 22ра турнеја и 13ти по ред студиски албум, после низа мултиплатинести плочи продадени во преку 35 милиони примероци.

Хитовите како што се „Rosanna“, „Africa“, „Hold The Line“ и многу други им донесоа бројни признанија со пет „Grammy“ награди!

Влезниците и аранжманите за овој концертен спектакл по цена од 1590,оо денари за ПАРТЕР, 2100,оо денари за ФАН ПИТ, 2400,оо денари за ВИП, 3590,оо денари за ПАРТЕР и ПРЕВОЗ, 4100,оо денари за ФАН ПИТ и ПРЕВОЗ и 4400,оо денари за ВИП и ПРЕВОЗ во продажба ќе бидат пуштени од 5тиДекември (петок) преку продажната мрежа на МкТикетс.