Новости

СЕЌАВАЊЕ НА MICHAEL HUTCHENCE

Нема коментари

Музичкиот свет за еден момент застана на 22 ноември 1997 година, кога беше објавена веста за смртта на Мајкл Хатчинс.Австралискиот пејач на бендот INXS беше пронајден мртов во хотелската соба во Сиднеј. Обесен на својот ремен го пронајде хигиеничарката на хотелот. Хатчинс имаше 37 години.

Роден е во Сиднеј во 1960 година а почна да свири музика во средно училиште. Бендот кој потоа стана INXS, е основан во 1977 година, првиот настап го имале две години подоцна, а во 1980 година го издадоа нивниот прв албум.

Со третиот, “The Swing” од 1984. Се пробија на меѓународната сцена особено со хитот “Original Sin”, а снимија вкупно десет албума. Скоро сите нивни песни станаа хитови кои и ден денес се обожувани од публиката. “Need You Tonight”, “Devil Inside”, Never Tear Us Apart”, “Suicide Blonde”, “Mystify”, “By My Side” и многу други ги напиша Мајкл заедно со клавијатуристот Андеј Ферис.

Хатчинс беш во центарот на вниманието на јавноста поради својата сексуалност и мачо особености,но надвор од сцената тој всушност беше интровертен и осетлив. Пател од депресија и пиел лекови,но најшесто се дрогирал. Освен со музика тој кратко се занимаваше и со глума па така се појави во филмовите “Dogs In Space” i “Frankenstein Unbound”. Со албумот “Kick” станаа огромни ѕвезди, особено во САД. Тоа беше албумот со песните “New Sensation”, “Devil Inside”, “Need You Tonight”, “Never Tear Us Apart” и “Mystify”.

Мајкл имаше многу јавни љубовни врски.Една од најважните за него беше врската со Michelle Bennett, со која беше седум години. Таа беше неговата прва љубов,а откако раскинаа таа му остана блиска пријателка. Беше во кратка врска и со пејачката Kym Wilson, а во почетокот на деведесетите тој и Kylie Minogue беа “it” пар.

Kylie Minogue and Michael Hutchence Candid

Но врската што го дефинираше беше со британската новинарка Пол Јетс. Кога се запознале,била во брак со Боб Гелдоф и имала три ќерки, Fifi Trixiebelle, Peaches Honeyblossom i Little Pixie. Нивниот брак беше во криза, а односот со Хатчинс стана јавен во 1994 година. Британските медиуми ги опседнуваа, особено кога Паула поднела барање за развод од Гелдоф и кога започнала грдата битка за старателството над нивните три деца. Хатченс дури и нападнал фотограф ја следел двојката и за тоа платил новчана казна а наводно двајцата заедно се дрогирале. Пола и Мајкл добија ќерка Heavenly Hiraani Tiger Lily во 1996 година.

 

Година дена подоцна со INXS се враќа во студио и го снима десетиот по ред албум наречен “Elegantly Wasted” и тргнуваат на светска турнеја. Кога бендот беше во Австралија за време на турнејата, Паула од Лондон планираше да дојде со Тајгер Лили и со нејзините три ќерки да го посетат Мајкл, но Боб Гелдоф се закани со забрана за старателство.

Последни кои што го виделе жив беа неговата бивша љубовница Ким Вајлд и нејзиниот тогашен партнер Андреј Рејмент, кои од неговата соба во хотелот Риц си заминале во 5 часот наутро. Чекаше повик од Паула да му каже конечно дали доаѓа со децата во Сиднеј.

Тој беше многу исплашен и не можеше повеќе ни минута без неговата ќерка. Тој беше вознемирен и и ми рече дека не знае дали ќе преживее ако не ја види Тајгер Лили, изјави Пола Јетс подоцна. Потоа Мајкл го повикак Боб Гелдолф и го молел да и дозволи на Пола да дојде во Австралија, но овој наводно му рекол да ,,не заборави дека тоа е надвор од законот,,. Пејачот исто така му се јавил на својот менаџер, кој не му се јавил туку оставил гласовна порака во која вели дека не може да се справи со таа ситуација. Кога се обидел да му се јави подоцна,тој повторно не му одговорил. Потоа ја повикал неговата поранешна девојка Мишел Бенет.

,,Плачеше и звучеше вознемирен,ми рече дека мора да ме види и отиде во хотелот,, . Бев таму некаде во 11 часот наутро, но тој не ја отвори вратата, рече Мишел.Тогаш таа го известила персоналот на хотелот кој ја отвори вратата од собата околу пладне. Несреќниот Мајкл не остави никаква проштална порака.

Пола Јетс почина три години подоцна од ненамерно предозирање со хероин, а нивната ќерка Тајгер Лили ја посвои Боб Гелдоф.