Новости

Музика од Red Hot Chili Peppers користена за тортура ??!!…

Нема коментари

Музиката на Red Hot Chili Peppers беше искористена за тероризирање на затворениците во американскиот затворски камп во заливот Гвантанамо

 

Во интервју за Ал Џезира, анонимен американски владин претставник откри детали од техниката која се користи од страна на ЦИА за мачење на затвореници во Гвантанамо – меѓу другите вознемирувачки техники имаше и пуштање на музика од американската група Red Hot Chili Peppers одново,одново и одново!

Помеfу мај и јули, 2002. На оваа техниката бил подложен затвореникот  Zayn al-Abidin Muhammad Husayn Abu Zubaydah , кој бил затворен во кафез за животни во кој му била пуштана гласна музика. На почетокот од годинава индустриската бенд кој ја практикува индустријал музиката наречен Skinny Puppy исто така откриле дека нивната музика се користи во Гвантанамо заради тортура – и поради тоа тие им испорачале фактури на американската влада, барајќи паричен надоместок за користење на нивната музика.Секоја чест на момците од Skinny Puppy кои сепак се дрзнале колку толку да се побунат против нехуманото користење на нивната музика.Пред неколку години се дозна дека истата тортура врз затворениците од Гвантанамо била правена и со музиката од Металика.

 

 

Еден од членовите на американската морнарица рече дека пуштањето на песни од Металика се практикувало во Ирак. Според него, праксата е дека затворениците тортурирани со песни од хеви метал бенд, веднаш “омекнувале” и биле кооперативни за време на испрашувањето.

“Членовите на бендот Металика сепак се побунија и напишаа:” Еј, престанете да ја користите нашата музика, затоа што ние не сакаме да се промовира насилство” помислив-. Човече, па ти имаш албум наречен” (Kill ‘Em All) “Убиј ги сите”, изјавил маринецот на кој многумина му го припишуваат, убиството на Бин Ладен.

 

 

Бидејќи на барање на Металика престанале  да ја користат нивната музика, се „јавила“ потреба за нов бенд. На американските војници им се јави метал бендот “Demon Hunter” кој имаше голем интерес во тоа да нивната музика биде користена за тортурата врз затворениците.

Според американските маринци, тие рекоа дека сакаат да се промовираат кај американската војска и да им ја искажат својата подршка.

 

 

“Тие ни ги испратија своите ЦД-а и пришивачи за униформи. Носам пришивач “Demon Hunter” во секоја мисија,изјави еден маринец.Го носев и на денот кога го проколнав  Бин Ладен “, рече тој.

Членови на бендот Демон Хантер по интервјуто кое го даде американскиот маринец изјавија дека тие биле почестени и благословени, и за себе сметаат дека на некој начин “се вклучени” во убиството на Бин Ладен.

Сега за сега немаме никаков одговор од Red Hot Chili Peppers но во секој случај очекуваме дека ќе го осудат ова нехумано однесување на американските власти.