Новости

Lady Gaga без шминка

Нема коментари

Лејди Гага го заврши циклусот свирки во Њујоршкиот Roseland Ballroom клуб, каде што настапи 7 дена по ред. Резултатот од напорната работа го покажа со објавување на фотографија на нејзиниот твитер профил на која беше прикажана без шминка.

Lady Gaga многу ретко го покажува своето ‘чисто’ лице , со оглед на нејзината голема љубов кон контраверзниот “стил”. Но пејачката сепак, не можеше да издржи без додавање на најмалку еден уметнички детал, и тоа е нејзината долга, костенлива коса, што најверојатно беше перика. Еден ден претходно, популарената пејачка закачи фотографија на која беше сликана со своето момче Taylor Kinney во ресторанот на нејзиниот татко.

Инаку мега популарната пејачка за неполн месец или поточно на 4 Мај оваа година од градот Ft. Lauderdale -држава Флорида ќе ја започне својата светска турнеја под името “Lady Gaga’s artRave – The ARTPOP Ball“ а ќе заврши со настапот во Лисабон-Португалија на 10-ти Ноември.Сите обожаватели на оваа секогаш контраверзна пејачка најблиску до нас ќе можат да ја видат на олимпијскиот стадион во Солун на 19 Септември или во Виенската спортска сала Stadhalle на 2 ри Ноември оваа година.
За подетални информации околу продажбата на билети и нивната цена пратете не на страната koncerti.mk
Во меѓувреме насладете се со видеото од најновото остварување на Лејди Гага наречено;Lady Gaga – G.U.Y. – An ARTPOP Film.