Новости

КОЈ БЕШЕ ЧАРЛС МЕНСОН

Нема коментари

Charles Manson,бушавиот чичко со кукаст крст врежан на челото,прв пат се појави во мојот живот како лик во една од поконтраверзните епизоди на култната серија South Park.Се сеќавам на предполноќното стишување  на телевизорот и првиот поглед на одбегнатиот затвореник,како заедно со Картмановиот роднина држи заложници во куќата,се за да на крајот да доживее катарза. Имено Менсоновиот кукаст крст на крајот од епизодата станува ни помалку ни повеќе среќна икона.Дури подоцна некој ми спомна дека се работи за референца на вистинска личност чив модус операнди шеесетите години од минатиот век оставил длабок белег на јавниот живот во Америка.Истиот последниве 45 години го помина меѓу четири зида,одлежувајќи ја доживотната робија,но доцна синоќа Менсон ,после долго боледување почина и така поред себе остави празен бел лист покрај своето име,во кое сите ние,како членови на западното друштво,треба да го дадеме последниот суд за неговата личност,дела и недела па можеби и најбитното,неговиот значење за поп културата  на 20 век.

Кој е Чарлс Менсон?

Водич на комуна култот,егоманијак и на крај пропаднат музичар,роден далечната 1934 година во класично дисфункционално семејство,на кое главно гориво,ако може да му се верува на неговите чести противречни изјави,бил акохолот.Релативно интересни детали на првите престапи и кражби добиваат нагло свртување во почетокот на шеесетите години.Тогаш во Америка голем подем зема контра-културата на децата на цвеќето како одговор на ужасот од Виетнамската војна,многу видови на новите религиозности добиваат голем замав. Church of Satan, потоа црквата на Џим Џонс па напредокот на сциентологијата го одбележија цутењето на хаосот во повоената америка, а како една од клучните фигури на сето ова како анти херој се најде токму Менсон и неговото „семејство“.Одговор на фасцинантното прашање „зошто“ уствари лежи во музиката.

Се тргна кога Менсон,во еден од своите излети во затвор не го запозна Фил Кауфмен.Токму тој го препозна Менсоновиот сиров музички талент и одлучил да се позанимава со неговата потенцијална кариера. Менсон во тоа време веќе го очекувало судењето за убиствата на Шерон Тејт останатите гости на нејзината забава. Кауфмен безуспешно праќал материјал кој бил снимен една година порано,на разни дискографски куќи,кои без размислување го одбивале бидејќи Менсон веќе тогаш во очите на американската јавност беше enfant terrible.Сепак откако Кауфмен сам собрал пари да отпечати 2.000 копии од неговиот прв албум, “Lie: Love and Terror Cult”го здогледа светлото на денот со помош на етикетата ЕСП-Диск.Токму неговиот прв албум го покаже неговиот раскошен талент.Разголено од значајот,може да кажеме дека се работи за само уште едно психо фолк остварување,но потполно растурениот мастер на албумот секако е еден од најдобрите увиди во алтернативната Америка во средината на минатиот век кога за неколку центи можело да се купи два три литра гориво.

Иронично,ако било кога постоела шанса да Менсон направи музичка кариера,единствено спасоносно решение од,како што подоцна и се покажа,потпоното лудило,беше во рацете на Денис Вилсон,цимерот на Менсон,член на легендарните Beach Boys неколку години пред излегувањето на горенаведениот албум му платил на Менсон студио,а тој материјал и до ден денес речиси стои необјавен.Набрзо по снимањето на Менсоновиот материјал,Вилсон ја преработува неговата  “Cease to Exist u Never Learn Not to Love” (издадена на албумот “20/40”) по што во попатните  пропаднати музички авантури на Менсон го раскинува нивното пријателство.Исто така ако може да се верува на Нил Јанг,опишана во неговата неодамна фрагментирана автобиографија “Waging Heavy Peace”,легендарниот Канаѓанин го запознал Менсон.Импресиониран од неговиот музички талент,му го проследил контактот од неговата матична куќа Reprise Records,но до соработка сепак не дошло.

 

Така музичката кариера од самиот почеток била осудена на пропаст.Во годините кои следеа,после читањето на пресудата во која Менсон е осуден на доживотна робија,разно разни независни дискографски куќи го издаваа неговиот воглавно  „шверцан“ материјал. Очекувано,ништо од наведеното не можело да го надмине значењето на “Lie: Love and Terror Cult” плоча која веќе за време на неговиот живот била на цена а сега се продава за илјадници долари.

После се,,промашени обиди,злочин,робија и на крај смртта,се поставува прашање дали треба да се даде значење на неговата икона?

charles-manson-2

 Who am I? – Nobody.

Се чини дека луѓето се магепсани со прашалникот. Во било кој облик. Кога нечива биографија,мотиви или пак причина на одредени активности лежат во мрачната длабочината на некој ум, луѓето се спремни да придаваат епитети како фасцинантен или пак надприроден-култ Charles Manson, харизматик со Распутинов поглед и Јогиевото влијание на микропросторот на пустинската Калифорнија наросена со трип и трева, е феноменален пример на едноставни факти кои го сместуваат во лудница од една страна, и културолошкото значение кое го сместува во нашето секојдневие од другата страна.

 

Токму овој другиот аспект го лансираше Менсон во South Park или сепак, сосема генијално го втиснува неговото презиме на илјадници и илјадници плакати и насловни страни како дел од алтер егото на мега популарниот Мерлин Менсон. Не би требало да се заборави дека истиот во зенитот на своите недела бил голема ѕвезда со што го створи својот поп-културен статус.Исто како и во случајот на музичката цензура,се чини како луѓето некрологот го разбираат како афирмација на нечив лик и дело. Од Менсоновиот случај можеме многу да научим, поточно да видиме како отпадниците на друштвото си прават свој космос и сет на вредности кои,ако поседуваат манипулативни способности,успешно им се наметнуваат на другите правејќи од нив следбеници.

 

 

Токму овие примери се фасцинантен поглед во само некои делови од затворените и мрачни агли на социопатските умови, а самиот Менсон со својата музичко наследство ни остави и цела планина прашалници. Неговата музика е поларна на неговите дела а кога се ќе се собере и одземе, па и кога ќе преслушаме и неколку негови песни од неговиот прв албум, и прегледаме неколку негови фотографии, влегуваме во еден многу стварен хорор филм.

 

Evil dead

Денеска сме и тоа како во добивка. Светов го напушти убиец (иако тоа никогаш не му беше докажано), манипулатор и лудак, но онаа друга страна на Чарлс Менсон, олицетворение на Зеитгест, отворени улици и контра-контра култура на шеесетите години и финално а по мене првенствено, неговата музичка кариера, од него направи симбол на се што не фасцинирало од таа земја прку големата бара. Кога го замислувам Чарлс Менсон, го гледам Капетеоновиот “In Cold Blood”,ги гледам почетоците на Нил Јанг, го замислувам Inherent Vice и калифонијската клима од некои други мисериозни времиња кога и брадестите и бушави лудаци имаа глас. Содржината на неговото учење, како што видовме во текстот погоре, е производ на фрустација и неуспех на музичката кариера која никогаш не ја осствари, а вистинско прашање би бил денес Менсон ако Reprise се решеше на препораката да потпише со тогаш анонимниот деликвент со акустична гитара во рака.

cm-3

Да се случеше Менсон денеска, најверојатно никогаш немаше да има можност да ги исфрли своите снимки надвор, како што тоа да кажеме му успеа на Варга Викернес пред крајот на одслужување на својата затворска казна. Токму затоа овој одметник на мотор со вреќа за спиење, пропратен од петнаесетина или повеќе следбеници и следбенички, пресликан од источњачките гуруа и една од најинтересните проблематични личности на дваесетиот век. Неговото вистинско место  во шкафот на историјата допрва треба да го пронајдеме, но сепак времето ќе ни го покаже вистинскиот патоказ. Во средиштето на сите студии секако ќе биде неговото преголемо его и необјаснетото тежнеење кон хаосот како ултимативна форма на креацијата.