Настани

X FACTOR ФИНАЛЕ

  • Дата:21 - Јун - 2015
  • Локација:Белград, Србија
  • Име:X FACTOR ФИНАЛЕ
  •  Купи карта

Спектакуларното суперфинале на најпопуларното музичко шоу во регионот, „Икс Фактор Адрија“ кое е закажано за 21 јуни во белградската Комбанк Арена, ќе го збогати гостувањето на светската музичка ѕвезда Џејмс Артур кој се прослави во британската верзија на „Икс Фактор“.

Овој пејач со уникатен глас победи во деветата сезона на британската верзија на најпопуларното музичко натпреварување на светот, а неговиот дебитантски сингл „Impossible“  доживеале неверојатен успех – до денес е продаден во преку 3,5 милиони примероци ширум светот.

– Почестени сме што токму Џејмс Артур ќе биде гостин во супер финалето. Тој е планетарна музичка ѕвезда, момче кое наспроти животните проблеми, успеа да го оствари својот сон. Многу сме возбудени што ќе го слушаме во Комбанк Арена – велат финалистите на попуалрното шоу.

Везниците за Македонија ќе бидат пуштени во продажба од 11 Јуни и како и секогаш ќе можете да ги купите во Југотон Рекордс, продажната мрежа на МкТикетс и онлајн на mktickets.mk по следниве цени:

ФАН ПИТ со сопствен превоз – 1.250 ден.

ПАРТЕР со сопствен превоз – 1.000 ден.

ТРИБИНА НИВО 200 со сопствен превоз – 1.250 ден.

 

ФАН ПИТ + организиран превоз – 3.000 ден

ПАРТЕР + организиран превоз – 2.700 ден.

ТРИБИНА НИВО 200 + организиран превоз – 3.000 ден.

 

Аранжманот опфаќа:

  • Автобуски превоз (Скопје-Белград-Скопје)
  • Влезница за концертот од одбраната категоријата

Аранжманот не опфаќа:

  • Патничко осигурување

Програма на патувањето:

Состанок на групата на 21.06.2015 во 06:45ч. на паркингот Дрводекор. Тргнување кон Белград во 07:00ч.  Пристигување во Белград на 21.06.2015 околу 14ч. Слободно време за индивидуални активности. Почеток на концертот во 20.00ч. По завршувањето на концертот состанок на групата на договорено место и тргнување кон Скопје.