Настани

THE CURE

  • Дата:27 - Окт - 2016
  • Локација:Будимпешта, Унгарија
  • Име:THE CURE
  •  Купи карта

Почитувани дами и господа,

KONCERTI.MK

со задоволство ви ги преставува

 

27октомври (четврток) 2016 г., 20:00 ч.

«Будимпешта,Унгарија»

The Cure, ја објавија својата нова турнеја, прва после 2008 година, која ќе опфати 34 концерти во 17 земји. Најблиску до нас, ова незаборавно концертно доживување, ќе се случи на 27 Октомври, во Будимпешта, Унгарија.

На овој “не смее да се пропушти” концерт, ќе настапат Robert Smith (глас / гитара), Simon Gallup (бас), Jason Cooper (тапани), Roger O’Donnell (копчиња) и Reeves Gabrels (гитара). На овој концерт The Cure ќе настапат со целото свое изминато 37 годишно творештво и нов досега необјавен материјал. Најавуваат меш ап и нови аранжмани на нивните најголеми хитови.

Влезниците за овој концерт ќе можете да ги најдете во продажната мрежа на Тикет Плус,Југотон Рeкордс како и онлајн на ticketplus.mk по следниве цени:

Аранжман Партер: 10.500 денари

Аранжман Фан Пит: 12.350 денари

 

Аранжманот опфаќа:

– Автобуски превоз (Скопје – Будимпешта – Скопје)

– Влезница за концертот од категорија ПАРТЕР или ФАН ПИТ

– Ноќевање во хотел 3*

Аранжманот не опфаќа:

– Патничко осигурување

– Индивидуални трошоци

Програма на патувањето:

Состанок на групата на 26.10.2016 во 20:45ч. на паркингот Дрводекор. Тргнување во 21:00ч.  Пристигување во Будимпешта на 27.10.2016 околу 11ч. Чекирање во хотелот и слободно време за индивидуални активности, почеток на концертот во 20.00ч. По завршувањето на концертот состанок на групата на договорено место и тргнување кон хотелот, ноќевање. 28.10.2015 слободно време за индивидуални активности и во попладневните часови тргнување кон Скопје.