Настани

СУПЕРХИКС

  • Дата:10 - Јун - 2015
  • Локација:Хавана, Скопје
  • Име:СУПЕРХИКС
  •  

Суперхикси ве канат на 21-ви роденден

Најразиграната банда инструментале годинава го прославува својот 21-ви роденден. Почетокот на „Суперхикс“ беше во 1993 година, а ја основаа тројца средношколски другари- Пеце, Кечо и Борис. Од гаражен бенд кој свири панк, успеаа да достигнат меѓународна слава и да ги забавуваат луѓето ширум светот со мелодичните и весели ска панк звуци. По повод американското полнолетство, односно 21 година од постоењето на бендот,момците од  „Суперхикс“  за своите фанови на 10 јуни подготвуваат голема роденденска прослава насловена како „Голем клупски концерт за оптимисти“.
За роденденско славје е одбран Клубот Хавана, местото каде што атмосферата е најтопла, а пивото најладно, а почетокот е во 22:00.
За да ги почастат своите фанови, Хикси доделуваат 100 гратис албуми, за првите 100 купени влезници.
Влезниците може да се набават по претпродажна цена од 200МКД во Custom Pub, Ljubov и Happy Cafe од 27.05.2015 година.
Бројот на влезници е строго ограничен.