Настани

Скопје Гори 2013

  • Дата:14 - Јун - 2013
  • Локација:Скопско Кале
  • Име:СКОПЈЕ ГОРИ 2013
  •  КУПИ КАРТА

Почитувани,

Огромно задоволство ни е да Ве информираме дека Авалон продукција исполни уште една своја голема желба! Да гo донесе и John Lydon во Скопје.

Панк – рок легендата John Lydon со својот бенд PIL-Public Image Ltd доаѓа во Скопје на 14ти јуни како headliner на Скопје Гори 2013 на Скопско Кале! Бидејќи се работи за славеничко издание на фестивалот по повод 20 години Авалон Продукција, супер битни се и следниве два факти:

1.Останатиот line – up ќе го сочинуваат 4 македонски супер бендови кои во областа поп/рок/металот ги одбележаа изминативе 20 години: АРЕА, НОКАУТ, LAST EXPEDITION и САНАТОРИУМ, а како 5ти бенд, честа да го отвори фестивалот ќе ја има во моментов најактуелниот МК бенд ПЕПЕРМИНТ!

2. Цената на влезниците кои ќе бидат во продажба од 4ти Март,преку продажната мрежа на www.kupikartizase.com,ќе биде симболични 500 денари!