Настани

SIMPLE MINDS

  • Дата:06 - Мар - 2014
  • Локација:СРЦ "Кале" Скопје
  • Име:SIMPLE MINDS
  •  КУПИ КАРТА

SIMPLE MINDS со “Greatest Hits and more, live – 2014 tour” во СКОПЈЕ!!!

Со големо задоволство сакаме да Ве информираме дека после година и половина од големиот концерт на Duran Duran, Авалон Продукција ги враќа големите концерти во Македонија.

Легендарните Simple Minds, својата две годишна светска “Greatest Hits” – турнеја, после настапите во O2 Арена- Лондон, Манчестер Ман арена – Манчестер, Зенит – Париз, Хајнекен мјузик хол – Амстердам и др. ја завршуваат во Македонија, на 5ти Март со концерт во комплетно реновираниот СРЦ “Кале”.

Сите детали околу влезниците ќе бидат познати во, петок 8ми Ноември.

Најуспешниот Шкотски рок бенд на сите времиња Simple Minds, во Скопје доаѓаат во постава: JIM KERR – вокал, CHARLIE BURCHILL – гитара и клавијатури, MEL GAYNOR – бубњеви,ANDY GILLESPIE – клавијатури, GED GRIMES – бас гитара и SARAH BROWN – пратечки вокал.

Како што веќе споменавме сет листата на оваа турнеја е составена од сите најдобри хитови на Simple Minds, како: ”Don’t You (forget about me)”, “Promised You A Miracle”, ”Waterfront”, ”Alive and Kicking”, “Glittering Prize”, “All The Things She Said”, “Sanctify Yourself”, “Someone Somewhere (In Summertime)”, “Ghost Dancing”, ”Kick It In”, “She’s A River”, “Mandela Day”, “Beafast Child”  и многу други.

Во својата долгогодишна кариера, Simple Minds имаат издадено 16 студиски албуми, кои со својата продажба, имаат достигнато мултиплатинест тираж.

ВАЖНО: Како специјални гости, вечерта ќе ја отворат со едночасовен настап Мизар, еден од нашите најдобри бендови на сите времиња.

Официјална изјава Горазд Чаповски-Мизар: “Ми представува огромно задоволство да свириме со Simple Minds, израснав со нивната музика, ги имав сите нивни албуми и учев од нив. Тој настан ќе биде и добар повод  да го представиме новиот албум на Мизар”

simpleminds_mapa_golema