Настани

SABATON

  • Дата:31 - Јан - 2015
  • Локација:Солун, Грција
  • Име:SABATON
  •  Купи карта

Sabaton е Шведска power metal група која е основана 1999 година во Falun. Тематиката на песните им е базирана на војните(особено првата и втората светска војна) како и историските борби.Тоа секако најдобро се забележува на албумите Primo Victoria, Attero Dominatus i Coat of Arms каде сите песни освен последната црпат инспирација од историските борби и војни,како што е песната “Counterstrike”,која се однесува на Шестдневна војна. На последните албуми Сабатон почнаа да експериментираат и со прогресив метал а често пишуваат за војните во Полска.Во склоп на нивната Sabaton heroes турнеја ќе настапат и во нашето соседство и тоа.

 

  • СОФИЈА 28 ЈАНУАРИ-САЛА УНИВЕРЗИЈАДА (СРЕДА)
  • АТИНА 30 ЈАНУАРИ-ФУЗЛАЈФ КЛУБ (ПЕТОК)
  • СОЛУН 31.ЈАНУАРИ-ПРИНЦИПАЛ ТЕАТАР КЛУБ (САБОТА)
  • ЗАГРЕБ 02 ФЕВРУАРИ-ТВОРНИЦА (ПОНЕДЕЛНИК)

Бидејќи шансите Sabaton да настапат во Македонија се минимални или да не кажеме никакви,тогаш ќе организираме патување на овој концерт и тоа во Солун на 31.Јануари бидејќи клубот во кој ќе свират Sabaton (PRINCIPAL CLUB THEATRE) собира не повеќе од 500-600 луѓе а тоа значи дека ќе можеме да ги гледаме од многу блиску.

Влезниците за овој концерт ќе можете да ги најдете во продажната мрежа на МкТикетс, Југотон Ркордс и онлајн на mktickets.mk по следнава цена:

ЦЕНА: 3.150 денари

Аранжманот опфаќа:

  • Автобуски превоз (Скопје-Солун-Скопје)
  • Влезница за концертот

Аранжманот не опфаќа:

  • Патничко осигурување