Настани

ROCK IN VIENNA

  • Дата:04 - Јун - 2015
  • Локација:Виена, Австрија
  • Име:ROCK IN VIENNA
  •  Купи карта

Почитувани дами и господа,

KONCERTI.MK

 има задоволство да ви гo престави фестивалот

Од денес вие ќе бидете во можност да купите дневни билети се до нивното распродавање. Ако сакате да ги имате овие дневни билети ќе мора побрзо да реагирате,бидејќи поединечните билети за некој од фестивалските денови се продаваат во ограничен број,односно во продажба се пуштени само 10.000 билети по ден.Затоа побрзајте.

Rock in Vienna Festival кој се одржува во Виена,Австрија е прв урбан рок фестивал на Дунавскиот остров крај Виена. Иако можностите за кампување се ограничени поради локацијата, постојат се разбира многу алтернативи. Виенските посетители на фестивалот после концертот многу лесно можат да се вратат во своите домови, а сите оние кои се надвор од главниот град на Австрија,тие секако можат да одберат еден од многуте хотели во главниот град кој има многу понуди.  Доброто  спиење ќе ви биде нужно, со оглед дека ќе присуствувате на еден незаборавен спектакл во кој секако ќе уживате а организаторот се потруди да бидете во можност да се види и чуе секој еден чин од кој било простор што ќе го изберете при областа на фестивалот  и со мало одење на кратко растојание да стигнете до својата дестинација. Двете бини кои ќе бидат поставени на Rock in Vienna Festival се поставени една до друга, за да можат посетителите лесно и едноставно со поглед да ги пратат своите идоли.

Line-up-от мораме да признаеме дека е имресивен и се состои од следниве артисти:

ЧЕТВРТОК, 4-ти ЈУНИ:
METALLICA, FAITH  NO  MORE, BROILERS, A  DAY  TO  REMEMBER, BODY  COUNT  FT. ICE-T, TESTAMENT, THREE DAYS GRACE, GOJIRA

ПЕТОК, 5-ти ЈУНИ:
MUSE, INCUBUS, THE  HIVES, WITHIN  TEMPTATION, DANKO JONES, TURBONEGRO, TRIGGERFINGER, SAINT  VITUS, ARCANE  ROOTS, BONAPARTE

САБОТА, 6-ти ЈУНИ:
KISS, LIMP  BIZKIT, SABATON, AIRBOURNE, HEAVEN  SHALL  BURN, BABYMETAL, OPETH, COAL CHAMBER, HELLYEAH, THE DEAD DAISIES, SCHIRENC PLAYS PUNGENT STENCH

Влезниците за овој фестивал ќе можете да ги најдете во продажната мрежа на МкТикетс, Југотон Ркордс и онлајн на mktickets.mk по следниве цени:

АРАНЖМАН (ПРЕВОЗ, ДВЕ НОЌЕВАЊА И ВЛЕЗНИЦА) ЗА ТРИТЕ ФЕСТИВАЛСКИ ДЕНОВИ:
 
22.300 ден.
 
АРАНЖМАН (ПРЕВОЗ, ДВЕ НОЌЕВАЊА И ВЛЕЗНИЦА) ЗА ЕДНА ФЕСТИВАЛСКА ВЕЧЕР:
 
14.250 ден.

Аранжманот опфаќа:

  • Автобуски превоз (Скопје-Виена-Скопје)
  • Влезница за фестивалот во зависност од одбраната категорија
  • Две ноќевања во хотел во Виена

Аранжманот не опфаќа:

  • Патничко осигурување
  • Индивидуални трошоци
  • Превоз од хотелот до местото на настанот

 

Аранжманот можете да го платите на 2 рати. При купување на аранжманот треба да се плати плати минимум 50% од сумата, а останатиот дел се плаќа најдоцна 10 дена пред концертот. Во случај до концертот да има помалку од 10 дена потребно е да се плати 100% сумата.