Настани

ROBBIE WILLIAMS БЕЛГРАД

  • Дата:17 - Јун - 2015
  • Локација:Белград, Србија
  • Име:ROBBIE WILLIAMS БЕЛГРАД
  •  Купи карта

Почитувани дами и господа,

KONCERTI.MK

 имаа исклучително задоволство да ви го престави

image003

„Спектакл на годината на Балканот“,можеме слободно да го наречеме настапот на суперѕвездата и дефинитивно најбараната поп икона ROBBIE WILLIAMS кој на 17 Јуни ќе настапи во Белград.„Пеколот го снема,рајот пристигна а јас тргнувам на турнеја“ се зборовите со кои Роби ја најави планетарната турнеја и ја отвори со распродадените концерти во Мадрид , Барцелона и Париз.Благодарејќи на напорите на организаторите и пред се личната желба на Роби Вилијамс да настапи во Србија,шанса повторно да се почувствува „рајот на земјата“ ќе има и балканската публика со концертот во Белград.Како и секогаш официјалниот партнер на Евентим – koncerti.mk кој повеќе од 15 години ве снабдува со билети и патувања на концерти ексклузивно Ви овозможува да ги купите билетите и за овој мега спектакл.Инаку како што пишуваат медиумите од нашиот северен сосед билетите за концертот на Роби се најевтини на целата Европска турнеја и споредбено изнесуваат само една третина од цената на влезницата во Мадрид.Продажбата на билетите за првиот голем спектакл од овој тип после концертите на Мадона и Стоунси започнува од понеделник 06. Април во дистрибутивната мрежа на Евентим.За почеток во Македонија ќе бидат пуштени само арнжмани (влезница со вклучен автобуски превоз) со специјален попуст кој ќе важи до 09.април или како што објави организаторот контингентот на овие влезници ќе биде достапен до неговото распродавање.Официјално продажно место каде ќе можете да ги купите влезниците како и секогаш е Југотон ГТЦ и онлајн на mktickets.mk.За сите подетални информации и резервации можете да не посетите на сајтот koncerti.mk. Според некои пишувања пресудно за овој настан да се случи во Белград била желбата на ROBBIE WILLIAMS.

Аранжманите за спектаклот на Ушќе се поделени по зони и тоа:
ПАРТЕР Б со сопствен превоз – 2.450 ден.
ПАРТЕР А со сопствен превоз – 3.300 ден.
ФАН ПИТ со сопствен превоз – 4.370 ден.
ФАН ПИТ ГОЛД со сопствен превоз – 5.450 ден.
ТРИБИНА со сопствен превоз – 4.370 ден.

ПАРТЕР А + организиран превоз – 5.000 ден.
ПАРТЕР Б + организиран превоз – 4.400 ден.
ФАН ПИТ зона 1 + организиран превоз  – 7.150 ден.
ФАН ПИТ зона 2 + организиран превоз – 6.100 ден.
ТРИБИНИ  + организиран превоз – 6.100 ден.
ВИП лаунџ + организиран превоз – 8.950 ден.
ВИП голд + организиран превоз – 15.700 ден.
САМО ПРЕВОЗ – 2.100 ден.

Роберт Питер гласи неговото вистинско име а е попознат како „Роби“ Вилијамс (роден е на 13 февруари 1974 год.) англиски пејач ,кантавтор и повремен актер. Беше член на мултиталентитаната група Take That. Вилијамс се прослави со првото појавување на групата на почетокот и на средината на ’90 – те години. По многу недоразбирања со менаџерскиот тим и со одредени членови на групата, Вилијамс ја напушти групата во 1994 год. за да започне соло кариера. На 15 јули 2010 год. беше објавено дека тој повторно се вратил во Take Тhat и дека групата има намера да издаде нов албум во ноември 2010.Наредниот албум на бендот стана втор најпродаван албум издаден во Британија и најбрзо-рапродаден запис на векот до сега.Тој и понатака продолжува да настапува и како член на Тејк дет и како соло уметник.

Вилијамс има продадено повеќе од 55 милиони плочи низ светот. Тој е најдобро продаваниот британски соло изведувач во Велика Британија и најдобро продаваниот нелатино изведувач во Латинска Америка. Шест од неговите албуми се наоѓаат помеѓу првите 100 најпродавани албуми во Велика Британија. Тој исто така беше почестен со петнаесет BRIT Awards(Британски музички награди) повеќе од било кој друг изведувач,како и со седум ECHO Awards. Во 2004 год. тој беше примен во музичката хала на славните на Велика Британија откако беше изгласан за ,,најдобар изведувач на ’90-тите”.
Се тврди дека Вилијамс има продадено повеќе албуми во Велика Британија од било кој друг британски соло изведувач во историјата и досега има добиено повеќе Брит награди од другите изведувачи. Продажбата на неговите албуми е над 57 милиони копии низ целиот свет. Вилијамс влезе во Гинисовата книга на свтски рекорди откако беа продадени 1,6 милиони билети во еден ден за неговата најавена светска турнеја за 2006 год.
Му беа доделени многу награди вклучувајќи шеснаесет BRIT и седум ECHO награди. Во 2004 год. беше примен во Британската музичка хала на познатите откако беше изгласан за најголем изведувач на ’90-тите.
Тој се појавува шест пати на листата на Топ 100 најдобро продавани албуми во Велика Британија.
На 23 октомври 2009 год. беше објавено дека тој ќе ја добие наградата за „Исклучителен придонес во британската музика“ на Британските музички награди 2010. Вилијамс ја доби својата награда на 16 февруари 2010 год. на крајот на церемонијата и изведе мешавина од неговите најголеми хитови како Let Me Entertain You, No Regrets, и Angels.

Во петокот на 3 септември 2010 год. во шоуто во кое беа “The Wanted” и Алеша Диксон, Вилијамс ги вклучи светски познатите Blackpool illuminations и изјави дека тоа е најголемата работа што некогаш ја постигнал.

 

 

Аранжманот опфаќа:

  • Автобуски превоз (Скопје-Белград-Скопје)
  • Влезница за концертот од одбраната категоријата

Аранжманот не опфаќа:

  • Патничко осигурување

Програма на патувањето:

Состанок на групата на 17.06.2015 во 06:45ч. на паркингот Дрводекор. Тргнување кон Белград во 07:00ч.  Пристигување во Белград на 17.06.2015 околу 14ч. Слободно време за индивидуални активности. Почеток на концертот во 20.00ч. По завршувањето на концертот состанок на групата на договорено место и тргнување кон Скопје.