Настани

ONE DIRECTION

  • Дата:10 - Јун - 2015
  • Локација:Виена, Австрија
  • Име:ONE DIRECTION
  •  Купи карта

Почитувани дами и господа,

KONCERTI.MK

 имаа исклучително задоволство да ви ги престави

Меѓународните суперѕвезди One Direction неодамна објавија повеќе концерти на својата долгоочекувана ON THE ROAD AGAIN 2015 стадионска турнеја, која најблиску до нас ќе дојде до Австрија,поткрепени со новиот албум ќе ги видиме на 10 јуни 2015 во Виена.

“Не може да не бидеме возбудени околу новата турнеја. Почнавме со изведување на дел од песните од новиот албум, и не можеме да дочекаме да ги запознаеме со нашите фанови во живо. Ние сме многу благодарни на нашите неверојатно верни обожаватели што тие ни овозможуваат да настапуваме во овие фантастични места и морам да напоменам дека секојдневно не изненадуваме од  нивната непоколеблива поддршка ” , вели Niall .

Со неверојатни 94-ри број еден хитови и на повеќе од 46 милиони фонограмски копии кои се продадоа за само четири години One Direction си обезбедија место во број еден поп новодојденци на светската музичка сцена. Во секој албум, пишувањето песни на бендот беше личен, така и албумот кој едноставно е наречен FOUR ветува дека ќе биде најдобрата работа досега. Албумот се базира на глобалниот успех од распродадената WHERE WE ARE стадионска турнеја и 3Д документарецот  THIS IS US. Обожавателите, исто така, имаа можност на летната турнеја да го проследат продолжетокот на WHERE WE ARE : THE CONCERT MOVIE. Филмот ги собори сите рекорди на CineStar во само еден викенд. Ако споменеме  дека на ЈуТјуб ова видео е посетено повеќе од три милијарди пати и кога ќе се  земат во предвид 109 милиони Твитери и 33 милиони пријатели на Фејсбук, јасно е дека Лиам , Хари, Луис, Ниал и Зајн, претставуваат вистински меѓународен феномен .

One Direction е британско-ирска музичка група формирана во Лондон, 2010 година. Во состав на групата спаѓаат: Лиам Пејн, Најал Хоран, Зејн Малик, Хари Стајлс и Луи Томлинсон. Членовите на бендот се соединиле по учество во британското талент шоу Икс фактор. На предлог на жирито, од петмината создадена е група, чие натпреварување завршило со освојување на третото место. По тоа, групата потпишала договор со издавачката куќа на Сајмон Кауел. Како резултат на овој договор, издаден е првиот сингл What Makes You Beautiful во септември, 2011 година кој бил број еден во Велика Британија и во Ирска, а во новември истата година и првиот албум под името Up All Night, кој се нашол на второ место на американската топ листа на албуми, па така во март 2012 се нашол и на првото место на Билбордови листи 200 најдобри албуми. Дебитанскиот албум зазема прво место во петнаесет земји.
На МТВ видео музичкото натпреварување во септември 2012 година доделена им е награда за најдобро поп видео, како и награда за најдобри млади уметници. Тоа е прва англиска група која прв пат се наоѓа на прво место во САД со дебитантски албум. Освојуваат БРИТ награда за најдобар сингл во 2012 година. Победници се за омилени бритнаски бенд на Никелодион кидс чојс истата година.

Влезниците за овој концерт ќе можете да ги најдете во продажната мрежа на МкТикетс, Југотон Ркордс и онлајн на mktickets.mk по следнава цена:

ЦЕНА: 12.950 денари

Аранжманот опфаќа:

  • Автобуски превоз (Скопје-Виена-Скопје)
  • Влезница за концертот од категоријата ПАРТЕР
  • Ноќевање во хотел 3* во Виена

Аранжманот не опфаќа:

  • Патничко осигурување
  • Индивидуални трошоци

Аранжманот можете да го платите на 2 рати. При купување на аранжманот треба да се плати плати минимум 50% од сумата, а останатиот дел се плаќа најдоцна 10 дена пред концертот. Во случај до концертот да има помалку од 10 дена потребно е да се плати 100% сумата.

 

Програма на патувањето:

Состанок на групата на 08.06.2015 во 20:45ч. на паркингот Дрводекор. Тргнување кон Виена во 21:00ч.  Пристигување во Виена на 09.06.2015 околу 11ч. Чекирање во хотелот и  слободно време за индивидуални активности, ноќевање. 10.06.2015 слободно време за индивидуални активности. Почеток на концертот во 18.15ч. По завршувањето на концертот состанок на групата на договорено место и тргнување кон Скопје.