Настани

MORRISSEY

  • Дата:10 - Дек - 2014
  • Локација:Белград, Србија
  • Име:MORRISSEY
  •  Купи карта

Со огромно задоволство ви најавуваме дека Авалон Продукција успеа да го убеди великанот на Британската музика – Morrissey да ја продолжи веќе затворената турнеја и после концертот во Истанбул на 7-ми декември, да го додаде Белград на 10-ти декември.
Еден од најголемите инди артисти на сите времиња, човекот кој според New Musical Express/ NME важи за артист кој направил најрепрезентативна и најдостоинствена соло кариера после распад на еден бенд (во случајот – феноменалнте The Smiths), ќе одржи концерт во Belexpocentar на 10-ти декември во Белград. Во оваа сала Авалон Продукција ги има работено Faithless, Thievery Corporation, James Blunt I Carl Cox и убедени се дека е тоа најдобар простор во Белград за претстојниот концерт на Morrissey?

morrisey

Концертот на Morrissey во Белград е во оф програмата на проектот на Авалон – Belgrade Calling (кој оваа година ги имаше големите Iron Maiden и Billy Idol) за успешно затворање на годината во Белград.
Водеќи се од личната желба на Morrissey, Авалон овој концерт не го работи во арена туку го работи во мала интимна спортска сала со многу ограничен број на влезници.
Постојат многу причини за букирање на концерт, постојат многу причини за правење на концерт, а постојат и многу причини за одење на концерт. Да се донесе Morrissey, да се оди и да се гледа, има само една причина, а тоа е голем ќеиф?
Македонските фанови на Morrissey билетите со организиран превоз ќе можат да ги набават преку продажната мрежа на МкТикетс и online на www.mktickets.mk

 

АРАНЖМАНИ (ВЛЕЗНИЦА И ПРЕВОЗ):

Аранжман ПАРТЕР – 3500,оо денари
Аранжман ФАН ПИТ – 4000,оо денари
Аранжман ВИП ПАРТЕР  – 4000,оо денари

 

*** ТРГНУВАЊЕ ПАРКИНГ ДРВОДЕКОР ВТОРНИК 10.12.2014 ВО 08.00ч. КОНТАКТ И ИНФОРМАЦИИ НА contact@koncerti.mk .

 

АРАНЖМАНОТ ОПФАЌА: превоз со автобус од туристичка класа, влезница за концертот и водич на групата


АРАНЖМАНОТ НЕ ОПФАЌА: патничко осигурување  ***