Настани

METAL ALL STARS

  • Дата:23 - Мар - 2014
  • Локација:Софија, Бугарија
  • Име:METAL ALL STARS
  •  КУПИ КАРТА

Влезниците за METAL ALL STARS ќе бидат достапни по следните цени:

ВЛЕЗНИЦА И ПРЕВОЗ ВЛЕЗНИЦА
FAN PIT 4.050 ден. 2.550 ден.
STANDING 3.250 ден. 1.750 ден.
ТРИБИНА 1 3.400 ден. 1.900 ден.
ТРИБИНА 2 3.550 ден. 2.050 ден.
ТРИБИНА 3 3.700 ден. 2.200 ден.
АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ 1.500 ден.

ВЛЕЗНИЦИТЕ КАКО И СЕКОГАШ ЌЕ МОЖЕТЕ ДА ГИ КУПИТЕ ВО ЈУГОТОН РЕКОРДС ГТЦ

 

Невиденото  MEТAL ALL STARS шоу пристигнува во Софија на 23 -ти март 2014 !

 

 

Четиринаесет големи имиња од современата метал сцена – уникатни музичари , легендарни гласови , фронтмени  на големи групи , музички величини номинирани за Греми и претежно идоли на милиони во светот  ” слетуваат ” во Софија во хајневеројатното и најактуелно во моментов светско хеви метал Шоу наречено – METALL ALL STARS ! Големите ѕвезди на Металот пристигнуваат во Софија на 23 -ти март 2014 година во сала “Арена Армеец ” во рамките на LOUD FESTIVAL 2014 , објавуваат со гордост организаторите . Титаните , односно едни од најголемите класици на Металот , поддржани од некои од најпознатите виртуози и вонвременски музичари од светот – ќе настапат заедно на една сцена во Софија во најблаго речено спектакуларно и невидено шоу !

 

Ова се учесниците кои гордо ви ги представуваме:

 

PHIL ANSELMO – Pantera & Down , JOEY BELLADONNA – Anthrax , ZAKK WYLDE – Ozzy Osbourne , BLASKO – Ozzy Osbourne , UDO DIRKSCHNEIDER – Accept & UDO , BRIAN FAIR – Shadows Fall , MAX CAVALERA – Sepultra & Soulfly , ROSS THE BOSS – Manowar , JON DANIELS – Anthrax & Shadows Fall , JASIN TODD – Shinedown , AARON ROSSI – Ministry , MATT BANCHARD – Shadows Fall , NICK MENZA – Megadeth , CRONOS – Venom . Секој момент на нив може да им се придружат и уште престижни , ѕвездени имиња .

 

METAL ALL STARS е шоу кое досега се нема случено во историјата на Металот  и не случајно само со најавата си предизвикува вистинска возбуда  меѓу милионите фанови на металот  низ целиот свет . Светските медиуми за овој проект едногласно изјавија : ” METAL ALL STARS ги буди соништата! ” . Фестивалот официјално беше обзнанен во септември 2013 година со најава за Светска турнеја на METAL ALL STARS , лансирана од Јужна Америка . Во пролетта на 2014 година одреден број европски држави ќе бидат домаќини на мега настанот и можеме да бидеме среќни и горди што Македонската метал публика ќе биде сведок на оваа турнеја со посета на концертот во Софија на 23 -ти март 2014 година . Ѕвездите на Металот ќе отсвират своевиден ” Best of ” на избраните хитови од своите кариери , како и кавери на групи , кои имале големо влијание во изградбата на нивната музичка креативност.

“Вакво нешто никогаш не сте виделе ни пред – а ни не сте можеле ни да замислите ! Едноставно препуштете се на вашата  имагинација ” изјавија  во официјалната порака  за шоуто.

 

Пораката можете да ја погледнете на следниот линк:

http://www.globearenas.se/content/docs/Diverse/img_1524.MOV