Настани

Joe Satriani

  • Дата:24 - Мај - 2013
  • Локација:Белград , Србија
  • Име:JOE SATRIANI
  •  КУПИ КАРТА

 

Џозеф Сатријани (англиски: Joseph Satriani) (роден на 15 јули 1956 година во Вестбери, Њујорк) е американски мулти-инструменталист, најпознат како инструментален рок гитарист со многу номинации за Греми награди. Неговата вештина и долгогодишна посветеност на занаетот го удостоија со углед на гитарист кој „растура„ со гитарата. Во почетокот на својата кариера, Сатријани работел како инструктор за гитара, а некои од неговите ученици станале многу познати по своите вештини (Стив Ваи, Том Морело, Лери ЛаЛонде, Кирк Хамет, Чарли Хантер, Кевин Кадоган, Алекс Сколник). Сатријани, во музиката, бил водечка сила за неговите соработници во текот на својата кариера како основач на постојано- променливото трио G3 со кое одел на турнеи, како и во настапувањето на различни позиции со други музичари.

Во 1988 година, Мик Џегер го регрутирал Сатријани како соло гитарист за неговата прва солистичка турнеја. Подоцна, во 1994 година, Сатријани бил соло гитарист во Deep Purple.Сатријани, на неговите годишни G3 Jam концерти работел со гитаристи од различни музички жанрови: Стив Ваи, Џон Петруци, Ерик Џонсон, Лери ЛаЛонде, Ингви Малмстеен, Брајан Меј, Патрик Рондат, Енди Тимонс, Пол Гилберт, Адриан Лег и Роберт Фрип. Тој во моментов е соло гитарист во супер групата Chickenfoot. Иако поседува свој лесно препознатлив стил, Сатријани бил под влијание на блуз-рок иконите како Џими Хендрикс, Ерик Клептон, Џими Пејџ, Ричи Блекмор и Џеф Бек. Сатријани користи свои сопствено дизајнирани гитари,“ Ibanez JS“ сериите кои се широко распространети низ продавниците. Тој има и свои серии на засилиувачи Peavey JSX и свои Vox педали: Satchurator, Time Machine и Big Bad Wah.

Супер гитаристот во склоп на својата европска турнеја ќе одржи солистички концерт на 24 мај во Српската престолнина Белград. За обожавателите на Сатријани од Македонија е организиран автобуски превоз кој ќе можат да го набават во ЈУТОН ГТЦ и ПОЛА ЈУГОТОН ГТЦ по цена од 1.950 Денари.

ИНФО 070 336 338