Настани

IRON MAIDEN БЕЛГРАД

  • Дата:17 - Јун - 2014
  • Локација:Белград, Србија
  • Име:IRON MAIDEN БЕЛГРАД
  •  КУПИ КАРТА

Iron Maiden на Калемегдан парк – голем „open – air“ спектакл во Белград!

Со голема гордост Ви најавуваме дека Iron Maiden, ќе одржат свое „headline show“ на 17 јуни на Калемегдан, во рамките на нивната „Маiden England“ турнеја. Овој огромен музички спектакл ќе биде прв „open – air“ концерт на големиот британски бенд во Србија после нивното гостување во Белград во 1981 година! Калемегдан парк како дел од Белградската тврдина која има историско значење, а се наоѓа во центарот на Белград претставува совршена локација за сите „Maiden“ фанови за стопроцентно Iron Maiden – доживување.

По повод белградското шоу, легендарниот фронтмен Bruce Dickinson даде своја изјава:
„Не можеме да дочекаме да го донесеме во Белград „Maiden England“ шоуто, посебно поради фактот што станува збор за таква спектакуларна и историска локација како што е Калемегдан! Секогаш сакаме да свириме во Србија, затоа што фановите се неверојатни и знаеме дека секогаш сме добредојдени. Иако „Maiden England“ турнејата во голем дел е базирана на турнејата „Seventh Son of the Seventh Son“ од 1988 година, сет листата за 2104 година ќе биде малку изменета за да се опфати целиот период од ‘80 – тите, што значи дека многу од песните ќе ги изведуваме за последен пат во живо! Се разбира, носиме запрепастувачко осветлување, нова поставка на бината, разни инкарнации на Eddie, многу пиротехника и сите оние возбудливи работи кои фановите ги сакаат најмногу. Само што овој пат ќе славиме уште повеќе, бидејќи овој концерт претставува завршница на едно големо поглавје и навистина планираме тоа да биде вечер која сите на Калемегдан никогаш, ама баш никогаш, нема да ја заборават!“.

Специјални гости на ова шоу ќе бидат шведскиот метал бенд „Gohst“.

Аранжманте ќе можете да ги најдете во Југотон Рекордс по следните цени:

Партер 2 и превоз – 3700 денари
Партер 1 и превоз – 4000 денари
Фан Пит и превоз – 4550 денари

Важно: Со секој купен аранжман влезница + превоз фановите добиваат 1 пиво TROOPER или лименка од Германското пиво на Австралискиот ХАРД РОК бенд AC/DC.

Не заборавајте пред уплатата да го побарате вашиот подарок

ЕКСЛУЗИВНО!!! За секое групно купување на 5 аранжмани за концертот на Iron Maiden во Белград 17 Јуни добивате буренце од 5 литри AC/DC пиво. А за секој купен аранжман можете да одберете помеѓу официјалното Iron Maiden пиво (TROOPER) или лименка од Германското пиво на Австралискиот ХАРД РОК бенд AC/DC.

Информации и резервации на: 078-336-331

 

Легендарниот менаџер на групата Ron Smallwood даде и дополнително објаснување за значење на годинешното гостување во Србија, кое претставува завршеток на „History of Maiden Tours“ проектот, составен од три огромни светски турнеи, со кое се комплетира трилогијата:
„Maiden England“ турнејата наиде на неверојатно добар прием ширум светот и како што знаат фановите, базирана е на трилогијата од нашите ДВД изданија од осумдесеттите. Фановите ќе имаат прилика за последен пат во кариерата на Iron Maiden да чујат некоја од песните во живо, со таа разлика што во 2014 година малку ќе ја измениме сет листата, со цел подеднакво да бидат застапени сите три изданија, со еден исклучок од 90-тите, фановите добро знаат за што станува збор.“

Оваа година го означува последниот дел од „Maiden England“ турнејата, која започна во јуни 2012 година во Северна Америка, продолжи во Европа, а подоцна и во Јужна Америка, вклучувајќи го и концертот во Рио де Жанеиро за кој беа распродадени 90.000 влезници во само неколку часа! Истата година бендот постави нови рекорди, на стадионот „Estadio Nacional“ во Чиле свирејќи пред 60.150 фанови, па пред 95.000 луѓе во англискиот „Donington park“ – 25 години после нивниот прв настап на најголемата рок сцена на британскиот остров, што беше и рекорден 5 – ти пат да бидат водечки бенд на гигантскиот „Download Festival“! Кога ќе заврши оваа турнеја на овогодинешниот јубилеен 40-ти „Sonispehere Festival“ во Кнебворт, шоуто ќе биде видено од преку два милиони фанови ширум светот, што докажува уште еднаш дека „Мејдени“ не планираат да ја прекинат триумфалната низа од цели три децении на самиот врв на метал музиката.