Настани

EROS RAMAZZOTTI

  • Дата:26 - Сеп - 2015
  • Локација:Софија, Бугарија
  • Име:EROS RAMAZZOTTI
  •  Купи карта

Почитувани дами и господа,

KONCERTI.MK

 имаа исклучително задоволство да ви ги престави

26 Септември (сабота) Софија, Бугарија
Неговата музичка кариера започна во 1981. Година кога учествуваше на  натпреварот „Voci Nuove di Castrocaro“ каде стигна до финалето со песната„Rock 80“ која ја напиша самиот тој. После тоа го потпиша првиот професионален договор со младата продуцентска куќа  DDD. 1984. Победува на фестивалот Санремо во категоријата НОВИ НАДЕЖИ со песната„Terra promessa“ која подоцна беше издадена во цела Европа. Година дена подоцна,го завзема шестото место на истиот фестивал со песната „Una storia importante“ која подоцна излезе како сингл и станува вистински европски хит кој е продаден во над милион примероци само во Франција.
Подоцна следува и издавањето на вториот албум наречен „Nuovi eroi“, но она што е најважно за него и неговата кариера победува на Санремо со песната „Adesso tu“. По издавањето на третиот албум „In certi momenti“,тргнува на деветомесечната турнеја на која настапи пред повеќе од милион луѓе. Како кариерата му одела во нагорна линија тој ја изведува песната „La Luce Buona Delle Stelle“ со Петси Кенсит на 22. ноември 1987,а следната година го издава мини албумот наречен „Musica è“.
Неговиот пети албум „In ogni senso“ објавен 1990. Привлече преку 200 новинари од целиот свет на прес конференцијата во Венеција. Ramacoti е првиот италијански пеач кој настапи во Radio City Music Hall во Њујорк во преполната распродадена сала.
Следува издавањето на двојниот албум „Eros in Concert“ 1992, i „Tutte storie“ 1993. Кои се продадени во шест милиони  примероци.Култниот њујоршки режисер Спајк Ли кој никогаш во својот живот нема снимено свидео спот за белци,му режираше спот за песната „Cose della vita“. 1996. Го издава албумот „Dove c’ è musica“, a 1997. „Eros – Greatest Hits“, на кој се наоѓаат две нови песни и нови верзии на хитовите,вклучително и „Musica è“ (дует со Андреа Бочели) i „Cose della vita – Can’t Stop Thinking of You“ (дует со Тина Тарнер).
Во текот на неговата долгогодишна успешна кариера Ерос сними дуети со некои добро познати уметници како што се ЧШер,Андреа Бочели,неодамна починатиот Џо Кокер,Карлос Сантана,Тина Тарнер,Анастасија,Лучијано Павароти и Лаура Пазини.
Концертите на Ерос Рамацоти одсекогаш биле спектакли со високо поставени стандарди на артисти од типот на U2,Pink Floyd,David Bowie,Tina Turner и други.Па затоа со сигурност ви тврдиме дека овој концерт ќе ви остане во посебно сеќавање.ДА НЕ СЕ ПРОПУШТИ
Влезниците за овој концерт како и секогаш ќе можете да ги купите во продажната мрежа на Тикет Плус, Југотон Рекордс ГТЦ  и онлајн на ticketplus.mk по следниве цени:

Аранжман (влезница и организиран превоз):
  • ПАРТЕР – 3.550 ден. – РАСПРОДАДЕНО
  • СЕДЕЊЕ (ЦРВЕНО) – 3.850 ден. – РАСПРОДАДЕНО
  • СЕДЕЊЕ (СИНО) – 4.200 ден. – РАСПРОДАДЕНО
  • ФАН ПИТ – 4.850 ден.
  • СЕДЕЊЕ (ЗЕЛЕНО) – 5.700 ден. – РАСПРОДАДЕНО

Влезница со сопствен превоз:

  • ПАРТЕР – 2.400 ден.  – РАСПРОДАДЕНО
  • СЕДЕЊЕ (ЦРВЕНО) – 2.700 ден. – РАСПРОДАДЕНО
  • СЕДЕЊЕ (СИНО) – 3.050 ден. – РАСПРОДАДЕНО
  • ФАН ПИТ – 3.500 ден.
  • СЕДЕЊЕ (ЗЕЛЕНО) – 4.350 ден. – РАСПРОДАДЕНО