Настани

DEEP PURPLE

  • Дата:18 - Фев - 2014
  • Локација:Белград , Србија
  • Име:DEEP PURPLE
  •  КУПИ КАРТА

Авалон го потврди првиот голем концерт за 2014 година.

Најголемиот хард рок бенд на сите времиња Deep Purple ќе настапат на 18 февруари 2014 година во Белград, и тоа по прв пат во Комбанк арена!

Белград прв пат го посетиле уште во далечната 1975 година, а после двата големи концерти на Белградски саем во 2003 и 2006, овој пат доаѓаат во склоп на големата светска турнеја насловена по овогодинешниот албум „Now What?!“ кој фановите и критиката го сметаат за еден од најдобрите во кариерата на бендот која ја предводи легендарниот Ian Gillan.

Концертот во Белград, воедно ќе биде и единствен на територијата на бивша Југославија и пошироко. Цените на влезниците и почетокот на продажбата ќе бидат објавени во четврток.

Deep Purple доаѓаат cо стандардна, во изминатите децении, востановена постава која покрај легендарниот пејач Jana Gillan, ја сочинуваат уште тапанарот Ian Paice, басистотRoger Glover, гитаристотSteve Morse иклавијатуристотDon Aireyкој од 2002 година го заменува неодамна починатиот Jon Lord. На деветнаесеттиот студиски албум  „Now What?!“, објавен во април оваа година, воедно има и две песни кои се посветени на Jon Lord, „Uncommon Man“ и „Above & Beyond“. Албумот го продуцирашеBob Ezrin, познат по долгогдишната соработка со групата Pink Floyd, но и со имиња како Peter Gebriel, Lou Reed, бендовите Kiss, Aerosmith, Nine Inch Nails, Deftonesи др. Критиката и фановите ширум светот сметаат дека ова е нивниот најдобаралбум во изминатите 20 години, со многу класичен Deep Purple звук кој се поврзува со првите албуми на бендот од почетокот на седумдесетите години.

Deep Purple се сметаат за пионери на heavy metal звукот. Тие се еден од омилените бендови на многу групи како што се Iron Maiden, Metallica, Queen, Motorhead, Bon Jovi, Aerosmith, Pantera, Guns ’n’ Roses… Бендот зад себе има 19 студиски и неверојатни 34 концертни албуми, заедно со 27 објавени „best-of“ компилации, кои зедно го сочинуваат еден од најголемите тиражи во историјата на музиката со прeку 100 милиони продадени изданија! Со вкупно 27 турнеји во кариерата, Deep Purple со право се сметаат за еден од најголемите рок бендови на сите времиња, познат по одличните настапи и енергија на која и денес се огледуваат генерации на млади музичари.

Влезниците за белградскиот концерт на еден од најголемите хард рок бендови на сите времиња Deep Purple, се пуштени во продажба преку системот на  http://kupikartizase.coм. Цените на влезниците за концертот на 18 февруари 2014 во Комбанк арена се најефтини на целата турнеја и можат да се набават по неверојатни 1.490 денари за ПАРТЕР!
На трибина цената за GOLDEN SEATS категоријата е 1.790 денари, а за најдобрите места за седење во категоријата PURPLE SEATS цената е 2.100 денари. Фановите кои сакаат да го слушаат Gillanи екипата од првите редови пред бината во категоријата FAN PIT (во која бројот на влезници е ограничен на 1500) ќе треба да одвојат 1.990 денариПревоз (Скопје-Белград-Скопје) 1.950 денари.
Концертот во Србија воедно ќе биде и единствениот на територијата на бивша Југославија и поширокиот регион.

 

ПРОГРАМА ЗА ОРГАНИЗИРАНИОТ ПРЕВОЗ:

Состанок на групата на 18.02.2014 во 06:45ч. на паркингот Дрводекор. Тргнување кон Белград во 07:00ч.  Пристигување во Белград околу 14ч. Слободно време за индивидуални активности. Почеток на концертот во 21.00ч. По завршувањето на концертот состанок на групата на договорено место и тргнување кон Македонија.