Настани

ARMIN ONLY INTENSE

  • Дата:07 - Фев - 2014
  • Локација:Софија, Бугарија
  • Име:ARMIN ONLY INTENSE
  •  КУПИ КАРТА

Армин Ван Бурен ја избра Бугарија за неговото големо  шоу

 

Диџејот  број 1 доаѓа со тим од речиси 20 уметници , вклучувајќи музичари, пејачи , акробати и танчери.

 

 

 

На 7 февруари познатиот холандски транс диџеј Армин Ван Бурен го заработи признанието ” диџеј број 1 во светот ”  и по тој повод повторно ќе гостува во нашето соседство односно ќе одржи голем спектакуларен концерт од новата светска турнеја наречена  ARMIN ONLY .

 

Овој голем музички спектакл ќе биде изведен  на три сцени во текот на шест часа без прекин во градската сала “Арена Армеец ” . Армин ќе се качи на бината во првите секунди од лансирањето на забавата и ќе го одржува нивото на ендорфин меѓу навивачите до самиот крај . Без сјај диџеи , но со тим од речиси 20 уметникот , вклучувајќи музичари, пејачи , актобати и танчери , Армин ќе се погрижи да станеме сведоци на едно музичко созревање . Или како што тој уште ќе го дефинира : “Ова шоу ќе ги надмине сите други мои проекти. ”

 

. Прогнозите за АRMIN ONLY се уште поголеми , бидејќи Бугарија е една од ретките држави во Европа , кои добиваат сопствен датум за него . Нашите соседи се многу горди на фактот дека се  единствената земја на Балканот  во која Армин ќе гостува а со тоа уште еднаш ја покажува љубовта и благодарноста на холандскиот диџеј кон родната публика .

 

Продажба на билети стартува на 26.10.2013 во 12:00 часот ( на пладне) во мрежата на koncerti.mk а организиран автобуски превоз со купена влезница ќе може да се обезбеди како и секогаш во ЈУГОТОН ГТЦ.. Ниските цени и недостатокот на соодветни датуми за слични настани во соседните држави , привлекува се повеќе и повеќе странци кон бугарската престолнина. Затоа се очекува уште во првите часови на 26 -ти , голем дел од билетите да бидат купени од навивачи на Aрмин во Романија , Србија , Хрватска , Полска , Македонија .

 

Повеќе детали околу проектот ARMIN ONLY ќе бидат откриени наскоро од организаторот на настанот YALTA CLUB .