Настани

AEROSMITH

  • Дата:17 - Мај - 2014
  • Локација:Софија, Бугарија
  • Име:AEROSMITH
  •  Купи карта

Влезниците за концертот на AEROSMITH ќе бидат достапни по следните цени:

ВЛЕЗНИЦА И ПРЕВОЗ ВЛЕЗНИЦА
PL1 6.350 ден. 5.050 ден.
PL2 5.400 ден. 4.100 ден.
PL3 5.100 ден. 3.800 ден.
PL4 4.500 ден. 3.150 ден.
PL5 3.900 ден. 2.500 ден.
АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ 1.500 ден.

ВЛЕЗНИЦИТЕ КАКО И СЕКОГАШ ЌЕ МОЖЕТЕ ДА ГИ КУПИТЕ ВО Југотон Рекордс ГТЦ, 1/2 Југотн и во целата продажна мрежа на Купи Карти За Се

http://koncerti.mk/wp-content/uploads/2013/11/1222237_763703_overview_aerosmith-copy.jpg

Почитувани дами и господа,

SOFIA MUSIC ENTERPRISES и KONCERTI.MK

 имаат исклучително задоволство да ви ги престават

AEROSMITH

ЕДНА ОД НАЈ-ГОЛЕМИТЕ РОК ГРУПИ НА СИТЕ ВРЕМИЊА

ЗА ПРВ ПАТ ВО БУГАРИЈА!

a

17 мај 2014 г., 20:00 ч.

 Стадион «Локомотив»

Нај-престижниот и нај-големиот музички настан во 2014!

 

e

Легенди ! Икони! Идоли !

AEROSMITH ги има  во музиката веќе повеќе од четири децении ! Едвај има друга рок група која може да се пофали со фанови од неколку генерации и со толку многу хитови на топ листите. На 17 мај во Софија публиката ќе има единствена можност да ги види во живо култните AEROSMITH! Во летото на 2014 година групата тргнува на Европска турнеја, вклучувајќи настапи на стадионот ” Олимпик” во Москва , ” 02 Arena ” во Берлин и на Download Festival во Велика Британија. Велинчествената петорка ќе биде во оригиналниот состав, исто како при основањето во далечната 1970 година во Бостон, Масачусетс : Стивен Тајлер (вокал ) , Џо Пери (гитара ) , Бред Уитфорд (гитара ) , Том Хамилтон (бас) и Џои Крамер ( тапани).

AEROSMITH ќе ни докажат дека се во перфектна форма и дека ќе направат неверојатно шоу! На стадионот “Локомотив” ќе уживаме во најголемите нивни хитови, како и песни од последниот албум Music From Another Dimension. Албумот е прогласен од магазинот People за “еден од задолжителните 5 албуми за есен 2012 година” За него Џо Пери вели: “Ова е албумот што сакавме да го направиме уште од времето кога се собравме за втор пат во 1984 година ”

Тие се еден од најголемите рок ​​бендови на сите времиња! Хитовите на AEROSMITH им се познати на сите, а меѓу бројните достигнувања ја имаат и успешна кариера во Холивуд со настапи во популарни филмови како “Светот на Вејн 2″ и “Игра по ноти”.

AEROSMITH е група со најголема продажба на албуми во историјата на американскиот рокенрол со тираж од над 150 милиони копии ширум светот. Само во САД се продадени 66,5 милиони нивни записи. Групата има 21 хитови само во САД и бројни награди и признанија како: 4 награди Grammy, 12 награди MTV Video Music Awards, 6 награди Billboard и 8 American Music Awards. AEROSMITH се носители и на наградата Soul Train за “Најдобар Рап сингл” во соработка со Run DMC – ” Walk This Way “. Можат да се пофалат и со номинација за ” Оскар ” за баладата ” I Don’t Want To Miss A Thing “. Во 2001 година се примени во ” рокенрол салата на славните “.

 

r

Датуми за концертите на Aerosmith во Европа, потврдени досега:

17 мај, сабота – Софија, Бугарија, стадион Локомотив
24 мај, сабота – Москва, Русија, Olympiysky Arena
27 мај, вторник – Санкт Петербург, Русија, SKK Arena
30 мај, петок – Хелсинки, Финска, Hartwell Arena
1 јуни, недела – Стокхолм, Шведска, Tele 2 Arena
4 јуни, среда – Кристиансан, Норвешка, Odderoya Amfi
6 јуни, петок – Хорсенс, Данска, Horsens Arena
9 јуни, понеделник – Берлин, Германија, O2 Arena
15 јуни, недела – Дерби, Велика Британија, Download Festival – Donington Park
18 јуни, среда – Оберхаузен, Германија, Oberhausen Arena
25 јуни, среда – Милано, Италија, Fiera Arena

.

ИНФОРМАЦИИ: koncerti.mk и contact@koncerti.mk