Настани

AC/DC

  • Дата:14 - Мај - 2015
  • Локација:Целтвег, Австрија
  • Име:AC/DC
  •  Купи карта

Почитувани дами и господа,

KONCERTI.MK

 имаа исклучително задоволство да ви ги престави

 

AC / DC австралиски хард-рок бенд, и се сметаат за пионери на хеви металот. До денес тие се бенд кој ја има еднa од највисоките заработувачки на сите времиња. Составот е основан од браќата Malcom и Ангус, Фил Рад, Клиф Вилијамс и Брајан Џонсон, AC / DC имаат продадено повеќе од 200 милиони албуми низ целиот свет. “Back in Black”  има продадено околу 50 милиони копии ширум светот, што го прави втор најголем продаван албум на некој уметник, зад “трилер” на Мајкл Џексон и најдобро продаваниот албум на било кој бенд.

Сите нивни албуми, “High Voltage” (1975), “Powerage” (1977), “Highway to Hell” (1979), “Back in Black” (1980), “For Those About To Rock We Salute You” (1981), “BallBreaker” (1995), “The Razor Edge” (1991), “Stiff Upper Lip” (2000) and “Black Ice” (2008), им помогна да станат четврти на листата на VH1 на листата”100 најголеми уметници на Хард рокот “.

По повод турнејата ROCK OR BUST која веќе е пред распродавање,славните австралијци ќе настапат на 14 Мај во Целтвег/Австрија.

Koncerti.mk Ви овозможува да бидете сведоци на овој спектакл со организирање на превоз, ноќевање и влезница за концертот во Австрија.

Цената на аранжманот (влезница+превоз+ноќевање) изнесува 240 евра во денарска противведност по курс од 62 денари за едно евро и ќе може да се плати на две рати. Исто така ќе можете да купите само влезница која чини 115 евра.

Влезниците за овој концерт ќе можете да ги најдете во продажната мрежа на МкТикетс, Југотон Ркордс и онлајн на mktickets.mk по следнава цена:

ЦЕНА: 14.800 денари

Аранжманот опфаќа:

  • Автобуски превоз (Скопје-Целтвег-Скопје)
  • Влезница за концертот од категоријата ПАРТЕР
  • Ноќевање во ексклузивниот хотел Терме Чатеж – Словенија со вклучено: полупансион, бањање во базенот на хотелот, еден влез дневно во зимската Термална ривиера

Аранжманот не опфаќа:

  • Патничко осигурување
  • Индивидуални трошоци

 

Аранжманот можете да го платите на 2 рати. При купување на аранжманот треба да се плати плати минимум 50% од сумата, а останатиот дел се плаќа најдоцна 10 дена пред концертот. Во случај до концертот да има помалку од 10 дена потребно е да се плати 100% сумата.

Програма на патувањето:

Состанок на групата на 12.05.2015 во 20:45ч. на паркингот Дрводекор. Тргнување во 21:00ч.  Пристигување во Словенија на 13.05.2015 околу 11ч. Чекирање во хотелот Терме Чатеж и слободно време за индивидуални активности, вечера и ноќевање. 14.05.2015 доручек, во 12 ч. тргнување кон Целтвег. Почеток на концертот во 18.00ч. По завршувањето на концертот состанок на групата на договорено место и тргнување кон Скопје.