Новости

SLASH има одличен нов албум и се очекува дека по американската турнеја ќе ја посети и Европа.

Поранешниот гитарист на Guns N ‘Roses, Саул Хадсон, попознат како Slash  потврди дека е завршен новиот, трет по ред соло албум, пишува Classic Rock магазинот.
И покрај фактот дека албумот нема наслов, датумот на издавање,наскоро ќе биде објавен.
Албумот содржи 17 песни од кои 16 се вокални а една е инструментална, направена во соработка со Mајлс Кенеди и неговиот бенд The Conspirators со кои работеше и на вториот албум од 2012 та наречен “Apocalyptic Love”.
Како работни наслови на албумот се споменати I Wanna Pull Your Hair, It Puts The Lotion On Its Skynyrd, Cheap Dick, Manual Automation, You’re The Truth, Dirty Girl and Music To Murder Your Girlfriend By.
“Овие се сите работни наслови, освен еден. ‘Сеште немам идејно решение за омотот и името на албумот, но не за долго време ќе остане така”, рече Slash.
Тој исто така, истакна дека по претстојната турнеја со Аеросмит низ САД, постои шанса да се одработи турнеја по Велика Британија и Европа.