Новости

Поради пивото на Iron Maiden пиварницата работи прекувремено!

Веќе повеќе од 250.000 шишиња се однапред -продадени само во Велика Британија, а може да се нарача и во околу сто земји во светот.

Според британските медиуми, пивото на рок бендот , Ајрон Мејден  кој неодамна почна со онлајн продажба и во 100 земји низ целиот свет, постигнува рекордни продажби!

Тоа е причината зошто пиварата која го произверува да започне со работа од шест дена во неделата , со цел да не доцнат со испораката на порашките од целиот свет. Пивото го произведува семејната пивара Robinsons од покраината Chesire Британија.

Веќе повеќе од 250.000 шишиња се однапред -продадени само во Велика Британија! Интересно е тоа што пивото  Trooper  се уште не излезе официјално за продажба.

Инаку како што знаеме Британските хеви метал легенди ќе одржат концерт во склоп на нивната светска турнеја во Загреб на 31 Јули и да се надеваме дека дотогаш и Македонските фанови ќе имаат можност да го конзумираат ова пиво.

Билети и организиран превоз за овој концерт ќе може да се обезбедат како и секогаш во ЈУГОТОН ГТЦ и во продажната мрежа на купикарти за се,одсега и во СИТИМОЛ-СКОПЈЕ.