Новости

МАЈЛИ САЈРУС ВО ГОЛЕМА ТАГА

Младата пејачка на нејзините социјални мрежи објави дека е во тага и објави ден на жалост поради смртта на нејзиното милениче сибирското хаски со име Флојд.
“Денес е третиот најлош ден во мојот живот”, напиша потиштената Miley. Нејзиниот мал хаски почина за време на нејзината турнејанаречена Bangerz, која се уште е во тек, а причината за смртта на домашното милениче не е позната. Пејачката е целосно “скршена”, а напиша и неколку груби зборови на Твитер.
“Знам дека ова не го мислам но сепак посакувам барем да ме земесе со него. Ова е неподносливо. Што ќе правам сега без него? Бев мизерна “, напиша контраверзната пејачка.
Miley исто така им се извини однапред на своите фанови кои ќе дојдат на концертот во Бостон дека “нема да биде со сите” но  . “Ќе се обидам”, рече таа и вети дека ќе се потруди тоа да не се примети многу. Miley веќе еднаш почувствува што значи губење на домашно милениче, кога таа крајот на 2012 година нејзиниот Јоркшир Териер почина од повредите кои му ги нанесе на нејзиното второ куче, Зиги.

Мајли Сајрус на 10 јуни ќе настапи во Виена ,Австрија а влезниците за овој концерт како и организиран превоз можете да купите во Југотон ГТЦ.За подетални информации јавете се на 070 336 338.