Новости

Massive Attack во Софија на 5 јуни

Британската трип-хоп формација Massive Attack повторно ќе настапи во Софија на 5 јуни, овој пат во Зимскиот дворец, соопштија организаторите од EventEase. Откако се сретнаа со бугарските обожаватели за првпат во јули 2010 година во салата “Фестивална”, сега групата се подготвува да направи  светска премиера во Софија на најновиот аудиовизуелен проект. Се уште нема детали околу неговата содржина, но познато е дека Роберт дел Наја, познат повеќе како јадро на “Massive Attack” – 3D, е автор на концептот. Билетите за концертот на 5 јуни се веќе во продажба по цени од 30 и 45 евра во мрежата на “koncerti.mk” и Југотон ГТЦ. Засега позстојат непотврдени информации дека Масивците можеби и ќе дојдат во Скопје но се додека не се потврди датум за гостување останува да одиме во соседна Бугарија.