Новости

Ќе направи клон од Ленон за да го негува како син

Би го негувал како свој син. Би се обидел да го држам подалеку од дрогата и алкохолот, но јас со сигурност би го пратил на часови по гитара, вели Мајкл Зук, сопственик на забот „умник“ на легендарниот Битлс.

Мајкл Зук од Алберта, 2011година купи заб на починатиот Џон Ленон од неговата поранешна домашна помошничка. Кога  видов дека  умникот на легендарниот Битлс е на аукција, знаев дека тоа е нешто што треба да има. Зук, стоматолог по професија, вели дека купувањето на забот за околу 24.000 евра му е најдобрата инвестиција во животот.
– Забот е основа на генетиката и се надевам дека ќе извлечам од него доволно генетски материјал за да се создаде нов Ленон – вели Зук.
Тој е свесен дека за тоа сепак ќе треба малку повеќе трпение да напредне науката за да научниците можат да извршат клонирање до точка каде ништо нема да може да тргне наопаку.
Јас би го негувал како свој син. Би се погрижил да го задржам подалеку од дрогата и алкохолот, но сигурно би го испратил на часови по гитара – вели Зук.

Притоа стоматологот е одушевен и од фактот дека извлекувањето на ДНК материјал од забот би можело да му донесе милиони, бидејќи малкумина луѓе не би сакале да имаат дел од Џон Ленон во своја сопственост.