Новости

IRON MAIDEN ЈА ПОДРЖУВА ПИРАТЕРИЈАТА

Се чини дека музичката индустрија престана да биде лутa на пиратите и почна да ги користи за да заработи повеќе пари отколку кога било досега. Најдобар пример за ова е популарниот бенд Iron Maiden коj оваа недела откри дека со години, собирале податоци за луѓето кои нелегално ја симнуваат нивната музика.

И наместо да трошат огромни суми на пари и време на адвокати кои би бркале тинејџери низ целиот свет, тие одлучија да дојдат и да ги посетат лично.

Поточно, компанијата Musicmetric користеше анализатор кој ги откриваше местата каде што најмногу се симнува музиката на легендарните Iron Maiden. Користејќи ги овие податоци, тие ја испланираа целата турнеја. Musicmetric ги искористи социјалните медиуми и сообраќајот во текот на симнувањата од BitTorrent и податоците од пиратските веб-сајтови за да се создаде мапа каде најмногу се симнува музиката на популарните англичани. Бендот одлучи дека ако некој вложува напор да го симне целиот репертоар на бендот, тоа најверојатно значи дека истиот ќе ужива во музиката, и ќе плати за да ги слушне во живо.