Новости

ДОКУМЕНТАРЕЦ ЗА СМРТТА НА КУРТ КОБЕЈН

Неодамна е одбележана една тажна годишница а по тој повод објавен е и трејлер со име “SOAKED IN BLEACH“на приватниот детектив кој бил изнајмен од вдовицата на Курт,Кортни Лов за да го истражи наводното убиство на саканиот…

Смртта на Курт Кобејн никогаш не престана да интригира дури и по 20 години .  Неодамна се одбележа оваа тажна годишнина, и по тој повод беше објавен трејлерот за ‘Soaked in Bleach’ во кој приватен детектив ангажиран од страна на Кортни Лав  го истражува убиството на својот сакан. Според наодите на детективот за убиството на Курт е осомничена токму таа Кортни Лав и во филмот ги изнесува доказите до кои тој дошол.Во текот на документарен филм, се изнесуваат и сведоштва на разни вештаци и детективи кои тврдат дека е тешко човек да дигне рака сам на себе по конзумирање на хероин.
Главната теорија на документарецот се води околу тоа дека Кортни го убила нејзиниот сопруг бидејќи биле пред развод, во кој случај таа би го изгубила целото богатство. Во филмот се наведуваат и големите пропусти на полицијата која дозволила телото на Курт Кобејн да биде кремирано шест  дена по убиството (самоубиство ?..) а отисоците од прстите на пушката биле земени дури 30 дена по трагедијата во која беше застрелан.
Засега не се знае точниот датум на премиерата на документарецот но останува впечатокот дека и по 20 години од трагичната смрт на фронтменот на НИРВАНА,истиот не престанува да биде контраверзен.