Новости

“(I Can’t Get No) Satisfaction” 50 години потоа

Нема коментари

На денешен ден, 6. јуни 1965., е објавена песната која The Rolling Stones ги претвори во шизици и ги натера професорите по англиски јазик ширум светот да се крстат поради двојната негација во песната.

Беше тоа едно пролетно утро 1965. Во пресрет на третата американска турнеја на The Rolling Stones. Keith Richards во тотално бунило станува од креветот и го здогледува неговиот диктафон кој стоеше уклучен поред ноќното ормарче, а касетата во него само што заврши со снимање. Љубопитен,ја премотува касетата од почеток и притисна плеј.

Од малиот звучник се заори рифот од три тона Да да да да, пропратен од пар едноставни акорди и рефренот “I can’t get no satisfaction” отпеан во состојбба на полусон. После неколку повторувања музиката престанала а после тоа се слушнало само машко р’чење. Во слободен превод: Keith Richards се буди среде ноќ,зима акустична гитара, го пали диктафонот и го снима костурот на песната која ќе го дефинира рок жанрот и се враќа назад во креветот и заспива како јагне.Какви чудни соништа ли сонува Keith Richards, чудо…..

20150529-114949_03.jpg

 

Стоунси се припремаа за актуелната турнеја на која го прмовираа последниот албум “The Rolling Stones Now!” со големиот хит “The Last Time”. И понатака тврдо се држеа на R&B обработките,но под притисок на менаџерот Andrew Loog Oldham, Keith Richards i Mick Jagger се почесто правеа сопствени песни.Како и многу други нивни претходни песни така и “(I Can’t Get No) Satisfaction” беше плод на тимска работа.

Бендот требаше да одржи концерт во Флорида, но тој беше прекинат после четири песни поради хаосот кој настана во публиката. Стоунси тогаш се вратиле во хотелот, а исфрустираниот Мик се спуштил до хотелскиот базен каде за десет петнаесет минути ги довршува стиховите за песната.Беше тоа негова жестока и брутална пресметка со модерниот свет и конзумеризмот кој му се згадил на 22-годишникот.

Зборовите и фразите не беа бирани,беше тоа и те како рискантно пресметување по се што го опкружуваше и гушеше. Стихот “Tryin’ to make some girl” особено им западна во очи поради што подоцна се редеа цензури и забрани оправдувани со сексуалните алузии без да никој од продуцентите не го провери контекстот и да поврзе дека ‘losing streak’ у ствари е сленг за оние денови во месецот.

Да се објави ваква песна во она време било многу храбар потег но да го послушале Keith Richards – верзијата која нам ни се допаѓа никогаш не би ја слушнале.Дечките “Satisfaction” ја снимаат два пати: првиот пат е на 10. Мај во Чикаго и тие што ја имаат слушнато оваа верзија кажуваат дека е акустична, со усна армоника, поинакво темпо од оригиналот и била поблиска до до кантри музиката.Другата, на сите нас добро позната верзија ја снимија на 12 мај во RCA студиото во Холивуд..

Richards одсекогаш сакал главниот риф да го свири дувачка секција,а како полесно да им објасни на другите како тоа тој сака да звучи си купи фуз папуча која требала приближно да го долови звукот на саксофонот.Тој за нас претпознатлив звук всушност требал да биде само како примерна снимка, делница која подоцна ќе биде заменета со дувачка секција, но на  Oldham овој звук многу му се допаднал.Подоцна сите го прифаќаат овој ‘резок’, и со енергија набиен звук и покрај Ричардсовата желба во песната да има дувачи во “(I Can’t Get No) Satisfaction”. Духовите во бендот не биле смирени се додека Otis Redding не ја сними својата верзија на песната.Ридинговата обработка толку позитивно ги задоволила Стоунси да Мик и ден денес кога ја пее песната рефренот го пее “I can’t get me no” наместо “I can’t get no“; баш онака како што ја пее Ридинг.

Членовите на The Rolling Stones имале одличен вкус за музика а “Satisfaction” како своевиден ‘melting-pot’ баш тоа го докажува: Charlie Watts признава во едно интервју дека својата делница ‘ја позајмил’ од “(Oh) Pretty Woman” на Рој Орбисон односно odnosno “Uptight (Everything’s Alright)” од Стиви Вондер, која на топ листите ќе се појави нешто подоцна.Главниот риф бил инспириран од дувачкиот аранжман на песната  “Nowhere to Run” од Marth & the Vandellas, а стиховите се ‘позајмени’ od Чак Бери и Мади Вотерс. Во секој случај општо е познато дека Стоунси кариерата ја започнуваат како кавер бенд и било логично да нивните авторски песни имаат примеси од блуз,рокенрол и се останато што ги опкружувало на нивните свирки.

“(I Can’t Get No) Satisfaction” е една од оние бесмртни песни кои го надминале времето и просторот.За разлика од некои други песни кои по педесет години пуштање во радискиот етер и за денешно време почетнички снимените рифовски гитари кои претставуваат втора фаза во совладување на гитарските рифови по”Smoke on the Water” – веќе одамна би биле исцеден лимон.Но тоа не важи за “Satisfaction” која и ден денес е жива,свежа и модерна.И поред многубројните обработки на оваа песна оригиналот сепак остана најдобар.

“Ги имаше сите важни состојки” – кажа Mick Jagger 1995. за Rolling Stone – “Имаше лесен за помнење наслов,привлечен риф и фантастичен звук на гитарата која дотогаш никој не чул. Најдобро го сумираше чувството на она време а тоа беше отуѓеноста од спротивниот пол. Отуѓеност и не е баш вистинскиот збор,но мислам дека ќе послужи.

Кога сме кај обработките, за една од најдобрите обработки на “Satisfaction” се смета преработката на американскиот рок бенд Devo чива верзија и ден денес се смета за најоригиналната обработка  на големиот хит.

“Satisfaction” на топ листата на 500-те најдобри песни на сите времиња во избор на списанието Rolling Stone го завзема второто место, веднаш зад “Like a Rolling Stone” на Bob Dylan.